Макадамија
| Макадамија | |
|---|---|
| Јаткасти плодови на Макадамија | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Оддел: | Скриеносеменици |
| Класа: | Евдикоти |
| Ред: | Proteales |
| Семејство: | Proteaceae |
| Потсемејство: | Grevilleoideae |
| Род: | Macadamieae |
| Подрод: | Macadamiinae |
| Видови | |
| |
Макадамија е род од четири вида дрвја автохтони за Австралија кои сочинуваат дел од фамилијата на растенија Proteaceae.[1][2] Потекнуваат од североисточниот дел на Нов Јужен Велс и централниот и југоисточниот дел од Квинсленд. Три видови од овој род се важни за трговски цели поради нивните плодови орев од макадамија (макадамиски орев или само макадамија). Вкупното светско производство во 2015 година изнесуваше 160,000 тони.[3] Позната е и под други имиња како Квинслендшки орев, грмушкаст орев, баупле орев и Хавајски орев.[4] На абориџински јазик плодот се нарекува: боупл, гиндл, јиндили [4] и бумбера.


Оревот за прв пат почна да се одгледува за комерцијални цели на Хаваи, откако семето од Австралија беше донесено во 1880-тите, и извесно време тие беа најголем светски производител.[5][6] Во 2010 година Јужна Африка го презеде приматот како најголем производител на макадамија.
Етимологија
[уреди | уреди извор]Германско-австралискиот ботаничар Фердинанд фон Милер во 1857 година го нарече овој род Макадамија во чест на шкотско-австралискиот хемичар, наставник по медицина и политичар Џон Макадам.
Опис
[уреди | уреди извор]Макадамија е зимзелено растение кое расте од 2 до 12 метри во височина.
Од три до шест листови излегуваат од едно колено, и имаат ланцеолатна до елипсовидна форма, долги се од 6 до 30 см и широки од 30 до 130 мм, со целосен или боцкаво-назабен раб. Цветовите растат во долг, виток, едноставен грозд долг од 50 до 300 мм, а поединечните цветови се долги од 10 до 15 мм. Бојата им е розово-бела или виолетова, со четири латици . Плодот е тврда, дрвенеста, сферична фоликула со зашилен врв, и содржи едно или две семиња . Лушпата е исклучително тврда и потребни се околу околу 2000 њутни за да се скрши. Лушпата е пет пати потешка од лушпата на лешникот и има механички својства слични на алуминиумот. Има Викерсова тврдост од 35.[7][8]
Одгледување
[уреди | уреди извор]Три од четирите видови - Macadamia integrifolia, Macadamia ternifolia и Macadamia tetraphylla - се од комерцијална важност. Четвртиот вид, M. jansenii, раѓа отровни ореви како резултат на цијаногените гликозиди што ги содржи.
Макадамијата обично се размножува со калемење; а младото дрво не дава плодови сè додека не наполни 7-10 години, но потоа може да се бере повеќе и од 100 години. Макадамиите претпочитаат плодни, многу пропустливи почви, врнежи од 1,000 до 2000мм, и температури кои не се спуштаат под 10 °C, со оптимална температура од 25 °C. Дрвото од макадамија има плиток и лесно може да биде соборено од појака бура. Овие дрва се подложни на болест на коренот на дрвото наречена Phytophthora. Во 2019 година, оревот од макадамија беше најскап орев на светот, што најмногу се должи на бавниот процес на берба.[9]
| Хранлива вредност на 100 g (3.5 oz) | |||||
|---|---|---|---|---|---|
| Енергија | 3,080 kJ (740 kcal) | ||||
13.8 g | |||||
75.8 g | |||||
7.9 g | |||||
| |||||
| †Процентите се проценети врз основа на препораките во САД за возрасни,[10] освен за калиум, кој се проценува врз основа на експертските препораки на Националните академии.[11] | |||||