Радио
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Радио е безжичен пренос на сигнали по пат на модулација на електромагнетни бранови, со честота под видливата светлина.
Електромагнетно зрачење патува по пат на осцилација на електромагнетните полиња, преку воздухот, во вакуум и во вселената. Информацијата која се носи на амплитудата на честотата. Кога радиобрановите ќе поминат низ проводник, осцилациските полиња индуцираат наизменична струја во проводникот. Ова може да биде детектирано и пренесено во звук.
Етмологијата на зборот
[уреди | уреди извор]Оригинално, радио или радиотелеграфијата била наречена „безжична телефрафија“, која подоцна била скратена само во безжична. Претставката радио- во светот на безжичниот пренос за првпат бил забележан во зборот радиопроводник кој го искажал францускиот физичар Едвард Бранли во 1987. Радио како именка е искажана од експертот по маркетинг, Валдо Варен во 1944. Исто така тој термин се појавува во еден текст на Ли Де Форест, кој подоцна беше прифатен од страна на американската морнарица во 1912 и стана вообичаен термин по време за првото комерциално пренесување на сигнали во 1920. Терминот подоцна беше прифатен и другите јазици во Европа и Азија, иако Велика Британија терминот безжичен го прифатила дури во XX век. Во Јапонија терминот „безжичен“ е основа за терминот „радиобран“, иако терминот на уредот за слушање на радиобрановите е литературно „уред за прием на звуци“.
Во последните години терминот „безжичен“ доби голема популарност преку огромниот растеж на т.н. краткиот достап на мрежа пр. WLAN ('Wireless Local Area Network'), WiFi и Bluetooth исто така и мобилната телефонија, пр. GSM и UMTS. Денес многу често терминот „радио“ се користи при уредите за прием, каде се претпочита на системот и методот искористен за пренос на радиосигналите.