Ramones
| Ramones | |
|---|---|
Рамонс во живо во 1980 | |
| Биографски податоци | |
| Потекло | Форест Хилс, Квинс, Њујорк, САД |
| Жанрови | Панк рок |
| Период на активност | 1974–1996 |
| Издавачи | Sire Records (САД & Велика Британија, 1976–1992) Radioactive Records (САД, 1992–1996) Chrysalis Records (Велика Британија, 1992–1996) |
| Мреж. место | www.ramones.com |
| Поранешни членови | |
| Ди Ди Рамоун Џони Рамоун Џо Рамоун Томи Рамоун Марки Рамоун Ричи Рамоун Елвис Рамоун С.Ј. Рамоун | |
Ramones (се чита: Рамоунс) — американска панк-рок група основана во Њујорк во 1974 година. Иако за време на постоењето имала умерен комерцијален успех, денес групата се смета за многу влијателна во панк-културата. Многумина ja посочуваат како првиот панк-рок состав.[1] Сите членови за презиме си го присвоиле псевдонимот Ramone (Рамоун); тие биле инспирирани од Пол Макартни, кој се најавувал во хотелите под името Пол Рамон. Тие одржале точно 2 263 концерти на бројните турнеи кои речиси без престан траеле 22 години. Во 1996 година, одржале проштален концерт во Лос Анџелес и се распаднале.[2]
Сите четворица оригинални членови на групата починале до 2014 година: пејачот Џои Рамон (1951-2001), басистот Ди Ди Рамон (1951-2002), гитаристот Џони Рамон (1948-2004) и тапанарот Томи Рамон (1949-2014).