Прејди на содржината

Supergrass

Од Википедија — слободната енциклопедија
Суперграс
Од лево кон десно: Газ Кумбс, Дени Гофи и Мик Квин; Лондон, 14 март 2008 г.
Биографски податоци
ПотеклоОксфорд, Англија
Жанрови
Период на активност1993 ― 2010, 2019 ― 2022 (на пауза)
Издавачи
Мреж. местоsupergrass.com

Суперграс (англиски: Supergrass) ― англиска рок-група основана во 1993 година во Оксфорд. Во поголемиот дел од постоењето на групата, нејзини членови биле: браќата Газ (прв вокал, гитара) и Роб Кумбс (клавијатури), Мик Квин (бас, придружен вокал) и Дени Гофи (тапани, придружен вокал). Прво групата имала три члена, а Роб Кумбс официјално ѝ се приклучил во 2002 година.

Во 1994 година, групата потпишала со Parlophone Records и го објавила албумот I Should Coco (1995), кој станал најпродаван деби-албум за издавачот по албумот Please Please Me од Битлси. Четвртата песна од нивниот прв албум, „Alright“, станала меѓународен хит. Бендот објавил пет албуми: